skip to Main Content

Затворски казни во случајот „Титаник 2“, но и одбележувањето на 8 март во фокусот на Отвореното студио 1

Затворски казни во случајот „Титаник 2“, но и одбележувањето на 8 март во фокусот на Отвореното студио 1
  • 08.03.2019

Денешниот блок на Отвореното Студио 1 го започнавме со директно вклучување од Кривичниот суд Скопје 1 каде што се изрече пресудата за затворски казни за екс директорот на УБК Сашо Мијалков, за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

Осудени во „Титаник 2“ се и лидерот на ДПА Мендух Тачи кој не беше присутен на изрекување на пресудата и доби затворска казна од три години и два месеци, ексчленовите на ДИК Бедредин Ибраими 4 години и шест месеци, Анета Стефановска, три години , Влатко Сајковски, три години затворска казна и Сашо Срцев исто така три години затворска казна.

Пресудата во кривичниот суд ја прочита водечкиот судија на предметот „Титаник 2“, Огнен Ставрев.

Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и моќ и преку лидерот на ДПА Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година, наведе СЈО во обвинението. Додека обвинетите членови на ДИК, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интереси.

Понатаму во Студио 1 на тема „Треба ли 8 март да биде неработен ден за жените“ разговаравме со првиот човек на „Циивил“ Џабир Дерала, а повод беше нивната иницијатива за што поголемо почитување и унапредување на правата на жените.

Целиот разговор како и вклучувањето од пред Кривичниот суд погледнете го во видеото:

Back To Top