skip to Main Content

Затворот во Шутка подготвен за доаѓањето на Груевски – тема во Студио 1

Затворот во Шутка подготвен за доаѓањето на Груевски – тема во Студио 1
  • 06.11.2018

Во отвореното Студио 1 се вклучи екипата на 1ТВ од пред затворот во Шутка за да ни ги пренесе сликите од условите во коишто казната веројатно ќе ја издржува поранешниот премиер Никола Груевски.

Според директорот на затворот, условите во кои се сместени затворените лица се пристојни и установата е веќе подготвена за доаѓањето на Груевски во четврток, но тој нема да добие посебен третман во однос на другите затвореници.

Тема во овој дел од Студио 1 е и зголемената доверба на народот во полицијата, за што екипата од 1ТВ разговараше со Магдалена Ламбовска.

-Околу 52% се изјасниле дека воглавно или целосно и веруваат на полицијата, што ја става прва на листата институции во кои има најголема доверба, заедно со образованието. За жал, во однос на останатите институции, резултатите покажуваат дека довербата е многу ниска, помалку од 40%, вели таа.

Целосните информации погледнете ги во видеото.

Back To Top