skip to Main Content

Започна втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар

Започна втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар
  • 23.06.2019

Започнува втората фаза, односно градежните работи за изградба на систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар.

На свеченото отпочнување со изведбените работи во село Јосифово, валандовско, премиерот Заев го искажа своето задоволство од реализацијата на проектот кој претставува значајна капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдување во земјоделството.

Средствата за проектот се обезбедени, дел од буџетот на Република Северна Македонија, а дел се кредит и грант од германската развојна банка KfW.Сето ова ќе гарантира дека во иднина сите оние кои ќе планираат да се занимаваат со земјоделство ќе добијат вода која што е суштински важна за земјоделски производи а посебно за раноградинарските култури кои што се исклучително запазени во овој регион.

Со германската развојна банка „KfW“,  веќе течат преговорите за  нова поддршка за спроведување на трета фаза од проектот за јужно-вардарска долина, со кој ќе се наводнуваат дополнителни 1.700 хектари.

Голем дел од жителите во овие населени места се занимаваат со земјоделие, а проектот значи загарантирано, но и полесно снабдвање со вода коешто во овој регион е и повеќе од потребно.

Тони Аврамов

Back To Top