skip to Main Content

Заев: Реконструкцијата на Владата до крајот на април

Заев: Реконструкцијата на Владата до крајот на април
  • 12.04.2018

Премиерот Зоран Заев најави дека до крајот на април ќе заврши рекострукцијата на Владата со која ќе бидат сменети министри и директори кои не покажале успех во работењето во изминатиот период.

Како што рече, се очекува реконструкцијата да резултира со зголемување на парламентарното мнозинство.

– Критеирумите ќе бидат она што се подобрило на подобро, што се успесите на министрите, директорите и замениците министри. Ако не е ништо подобрено, тоа не значи дека комплетно ќе им се заблагодариме за нивните услуги, туку можеби ќе ги поставиме на други позиции каде ќе цениме дека ќе можат подобро да одговорат на барањата. Секогаш ќе ги уважуваме капацитетот, експертизата на личноста и впечатокот кој го оставаат во јавноста – изјави премиерот.

Како што рече Заев, не е точно дека со ДУИ се договара замена на Министерството за правда со Министерството за образование.

– Дел од реконструкцијата ќе значи пополнување на позициите, а дел и промена. Очекувам до крајот на април Собранието да ги поддржи нашите нови решенија – објаснува Заев.

За враќањето на опозицијата во Собранието, Заев изјави дека е задоволен бидејќи тоа било добро за државата, за граѓаните, за самата опозиција, но и за Владата.

Back To Top