skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Заев: Од споредниот балкански колосек се вративме на главниот автопат кон Европа

Заев: Од споредниот балкански колосек се вративме на главниот автопат кон Европа
  • 12.02.2019

Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината,  не само нашата туку и на нашите поколенија, рече премиерот Зоран Заев на денешната церемонија пред Владата по повод подигнувањето на знамето на НАТО. Тој во полчасовното обраќање меѓу другото порача дека Македонија во наредните денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на државата но побара и, како што рече тој моратариум на политичките кавги.

Без оглед што станува збор за настан од историско значање, сепак газиме цврсто, рече Заев и порача дека нема место за еуфорија затоа што според него да ги средиме односите во нашиот дом за да функционираме како систем и како општество.

Единствен кој не беше споменат во обраќањето на премиерот Заев е претседател на државата Ѓорге Иванов кој не присуствуаше на денешната церемонија.

Од неговиот кабинет првично соопштија дека не бил поканет а по соопштението на Владата дека уредно испратиле покана од претседателскиот кабинет соопштија дека поканата пристигнала со задоцнување.

Од Владата уште информираа дека на денешната свечена церемонија биле поканети сите пратеници, дипломатскиот кор на земјите членки на НАТО, воените аташеа на земјите членки на НАТО, претставници на правосудството, на верските заедници, членовите на Владата како и поранешните претседатели на Владата. Од нив присутни беа Владо Бучковски, Хари Костов и Љубчо Георгиевски но не и  поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски.

„Поранешниот претседател Црвенковски не беше пред Владата во согласност со одамна заземениот негов став да не се појавува на јавни настани“, соопштија од кабинетот на Црвенковски за порталот СДК.МК.

Меѓу присутните не беше ни лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Од партијата соопштија дека тој поканата ја примил вчера попладне и немал додовлно време да ги одложи закажаните средби. На

Меѓу присутните не беше ни лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Од партијата соопштија дека тој поканата ја примил вчера попладне и немал додовлно време да ги одложи закажаните средби. На церемонијата не беше ниту претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кого од партијата рекоа дека имал други неодложни обврски.

Поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан, поради верски празник не дојде на владината церемонија но испрати свој претставник.

По ратификацијата на Протоколот за членство во 29 земји членки на НАТО, Македонија и официјално ќе стане полноправна 30 членка со право на глас на најголемата воената Алијанса во светот.

Искра Опетческа

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top