skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев: Обврска на граѓаните е да излезат и да гласаат на референдумот!

Заев: Обврска на граѓаните е да излезат и да гласаат на референдумот!
  • 31.07.2018

На 30-ти септември, секој граѓанин на Република Македонија е должен да ја преземе одговорноста во свои раце. Премиерот Зоран Заев поддржан од целиот владин кабинет упати јасна порака до граѓаните, на денот на референдумот да излезат и да одлучат за својата и за иднината на државата. Заев ги повика македонските граѓани да не дозволат никој да ги злоупотреби или пак да им го одземе правото на глас. Без разлика дали се за или против, граѓаните треба да излезат и да учествуваат на референдумот, истакна Заев.

– Овојпат на овој референдум ќе си ја преземеме одговорноста и за себе и за своето семејство и за нашата Македонија. И ќе излеземе и ќе гласаме онака како што мислиме. Но ќе излеземе на референдум, затоа што е обврска пред татковината. Опција има, да се гласа „за“ или да се гласа „против“, но, опција дали да излеземе или не, нема. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти, ако си ја сакаме Македонија и ако навистина во демократска земја токму граѓаните се тие кои што ја дефинираат иднината на нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев.

Заев ја критикуваше и опозицијата велејќи дека иако ВМРО-ДПМНЕ со години бара референдум вчера непосредно пред гласањето него срамно ја напуштијата салата за пленарни седници. Еден од опозиционерите кои повикуваат на бојкот на референдумот е членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој на неговиот „фејсбук“ профил наведе повеќе причини за тоа.

– Референдумското прашање кое е спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен), спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер од 1992 г. Не заслужува одговор!, напиша Милошоски на „фејсбук“.

Но ова што го зборува Милошоски сега кога е во опозицијата не беше случај и додека неговата партија беше на власт а тој како министер за надворешни преговараше за името, што можеше да се потврди и од бомбите кои ги објави Заев.

– Ако јас имам два избори. Едниот да биде „Горна Република Македонија“ или на англиски „Апер Репаблик оф Маседониа“ и втората да биде „Индепендент Рипаблик оф Маседониа (апер)“, јас како Македонец гледано вака би одел на втораат. Или во заграда Вардар.

– Кога ќе им го понудиме тоа на луѓево на референдум ќе речат добро па вие за една референца зборувавте, сега што е ова во Обединети нации 5-6 додавки, придавки, посложено ќе испадне од привремената референца која ја имаме сега, е дел од аудио записот на една од бомбите објавени од Заев.

На бојкот на референдумот закажан за 30-ти септември повика и Обединетата македонска дијаспора од САД предводена од Мето Колоски, од каде велат дека вака формулираното прашање е неприфатливо поради манипулативниот карактер. Но од друга страна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот „твитер“ профил ги повика македонските граѓани да го поддржат референдумот.

Антонио Крстевски

Back To Top