skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Заев во Кочани: Владата останува посветена на поддршката на големите проекти на општините од интерес на граѓаните

Заев во Кочани: Владата останува посветена на поддршката на големите проекти на општините од интерес на граѓаните
  • 12.07.2019

Општина Кочани на најдобар начин ја искористи финансиската поддршка на Владата за покривање на долговите што ги остави во наследство претходната локална самоуправа, констатирано е на денешната средба на премиерот Зоран Заев со градоначалникот на Општина Кочани  Николчо Илијев, со претседавачот на Советот на Општината Томе Солевски и со Александар Киров, директор на Јавното претпријатие за водостопанство.

Како што соопшти владината прес-служба, заеднички е потенцирано дека тоа овозможи буџетот на Општината да биде насочен за реализација на проектите за кои граѓаните на локалните избори укажаа дека се од посебен интерес.

-Средбата се оствари непосредно по отворањето на пречистителната станица во Општина Кочани што беше поттик за разговор за идните капитални проекти од значење за Општината и за граѓаните, и за учеството на централната власт и меѓународните фондови во поддршката за реализација на овие проекти, стои во соопштението.

Back To Top