skip to Main Content

Заев: Ако прагот е 1.000 евра, со персоналец од 18 насто ќе се оданочат 74.000 граѓани

Заев: Ако прагот е 1.000 евра, со персоналец од 18 насто ќе се оданочат 74.000 граѓани
  • 02.04.2018

Бројот на граѓани кои ќе бидат опфатени со прогресивната стапка на персонален данок од 18 насто, доколку границата на приходите е над 1.000 евра е мал, но ефектите ќе бидат големи.

Ова го кажа премиерот Зоран Заев на Годишната конференција на Министерството за финансии организирана на Денот на буџетот – 2 април. Според премиерот ако прагот се стави над 1.000 евра, повисок данок ќе плаќаат 74.000 граѓани.

Разгледувани биле повеќе опции и ако гранцата на приходите е повисока. Но според Премиерот клучно е тоа дека ако се соберат 30 милиони евра од оваа мерка, може да се зголеми социјалната помош на 12.000 денари или ќе се воведе бесплатно болничко лекување кое годишно чини 7 милиони евра.

Back To Top