(Видео) Мицкоски: Нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство

По прес конференцијата на премиерот Зоран Заев, се огласи и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој обвини за лаги од епски размери.
Заев на својата прес конференција рече дека Мицкоски за време на лидерската одбивал решение за СЈО и за законот за јавно обвинителство само за да издејствува амнестија и заштита на неговите блиски соработници и да ги стави правните случаи под своја контрола.
Мицкоски на ова одговори дека е неприфатливо предложениот раководител на новото обвинителство за висок криминал, кој треба да дојде по предлог на најголемата опозициска партија, да се бира меѓу десетмината обвинители од сегашното СЈО во случај предлогот од опозицијата да не добие поддршка од партиите на власт.
По изјавата на премиерот дека ако, како што вели Мицкоски, истрагата за случајот „Рекет“ води до него, тој би одговорил дека всушност води до лидерот на опозицијата, ја повтори критиката против Заев дека контролата му треба токму нему, за да не одговара за „Рекет“, но и за „Рекет 2“, „Рекет 3“ и „Рекет 4“.
-Заев само сака да задржи каква било контрола врз обвинителството. Да може тој да контролира и управува, да наредува, затвора и заташкува случаи. Таа контрола му треба за да не одговара за „Рекет“, а богами и за „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ и сите останати случаи. Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови. Тој дојде за да овие преговори немаат успех. Човекот има план Ц, откако планот Б не им успеа, предметите од СЈО да ги пренесат во Јавното обвинителство и вака Заев си купи мир уште некој месец, но одговорност ќе има, изјави Мицкоски.
Тој за лидерската средба рече дека во иднина има простор за да се продолжат преговорите, иако, како што изјави, свесно чекал СДСМ да излезе со манипулативни известувања во врска со вчерашната средба за да го дефокусира вниманието.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.