skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Желбата за холивудска насмевка, наспроти редовната посета на стоматолог (ВИДЕО)

Желбата за холивудска насмевка, наспроти редовната посета на стоматолог (ВИДЕО)
  • 08.06.2018

Посакуваната холивуска насмевка е правопропорционална со редовната посета на стоматолог. Хигиена на забите и устата, подразбира редовна контрола. Белеење на заби, импланти, протетика и естетска стоматологија се моменталните трендови кај нас. Статистиката покажува дека македонците повеќе финансии трошат за козметички производи, отколку за стоматолошки услуги, па затоа навремената интервенција е најдобра превентива.
„Во последно време пациентите се повеќе се грижат за своето орално здравје,  а на прво место се почесто ја поставуваат својата естетика т.е естетиката на своето забало.  „Санте Плус“ како стоматолошка клиника ги нуди моментално најмодерните естетски солуции односно решенија во областа на протетската стоматологија т.е ние изработуваме коронки, фасетки, користиме модерна технологија“, вели Д-р Зоран Шушак, специјалист по орална хирургија во Санте Плус.



Емакс фасетките и циркониумските материјали се најчести во секојдневната употреба, вели Д-Р Шушак од приватната болница Санте Плус. А стоматолошките проблеми кои ги имаат со пациентите се најразлични.

Од областа на естетската стоматологија пациентите кои што ние ги работиме најчесто имаат естетстки функционален карактер. Во Македонија за жал во последните 10 -на година патологијата е зголемена на тврдите збани ткива но од друга старна пак пациентите се повеќе покажуваат интерес за попаравка и подобрување на оралното здравје и насмевка“, раскажа Д-р Шушак.



Секој еден човек заслужува убава насмевка. Превенцијата е примарна со цел да се сторнираат многу стоматолошки заболувања.

„Во принцип во целокупниот живот пациентите заслужуваат да имаат добра насмевка и естетски вид на своето забало така што во самиот старт т.е додека се помлади пациентите сите тие можат да бидат изведени најбезболно и лесно со помош на ортодонски терапии, додека после 20 –та, 25 –та година кога ќе се судриме со проблемот нарушена естетика и функција тука веќе мора со протестки надокнади да делуваме“, изјави Д-р Зоран Шушак.

Стоматолозите од Балканот предупредуваат, не гледајте многу реклами, туку одете на забар. Секогаш слушајте ги советите од вашиот стоматолог зошто само така ќе дојдете до посакуваната холивудска насмевка и не дозволувајте преку рекламите сите да влегуваат во вашата уста.

Back To Top