skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ЕУ со низа забелешки – старите проблеми на македонската економија повторно на површина

ЕУ со низа забелешки – старите проблеми на македонската економија повторно на површина
  • 17.05.2019

Делегацијата на ЕУ во земјата со низа забешелки за македонската економија. Доставија шест препораки до Владата, кои очекуваат да бидат исполнети во рок од една година. Се бара стабилизација на јавниот долг. Проблем е детектиран и кај компаниите кои не плаќаат даноци, што оди на штета на државниот буџет. Има и недостиг на интеграција на компаниите во глобалните синџири за вредност.

– Првиот предизвик е стабилизирањето на јавниот долг. Тој во земјава е 43%, но ако на него се додаде и долгот на јавните компании кој е 10% и за кој одговорна е државата, тогаш тој се искачува на 53%. Во ЕУ јавниот долг на државите и не смее да биде повисок од 60%, доколку тој процент е повисок од таа бројка, треба да има план за тој да се намали, вели Фрек Јанмат, шеф на одделот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ

Поголема транспарентност во трошењето на јавните пари како и проверка на приватните компании.Од ЕУ велат дека мора да има и јасен мандат на службите за инспекција, затоа што имало преголем број на инспекторати чии надлежности се преклопуваат, а тоа лошо влијае на бизнис климата. Се бара што поскоро да се консолидираат и пензиите според инфлацијата.

Особено голем проблем во земјата е тоа што има висок степен на невработеност кај младите.

– И последниот предизвик е високиот степен на невработеност кај младите. Сметаме дека тој процент е околу 45 отсто, значи ова е многу висока бројка , ако знаете дека средната бројка во Европска Унија на невработеност на млади е 15 отсто, вели Јанмат.

Мора да има подобрување на образовните програми, затоа што имало чувство дека младите кои завршуваат студии не ги поседуваат способностите кои ги бараат компаниите. Апелираат до институциите на младите над 25 години, државата да им нуди квалитетни работни места или пак соодветно занаетчиско надоградување.

Некои од мерките се повторуваат повеќе години , а ЕУ очекува тие конечно да се спроведат сега, со оглед на тоа дека Владата изготвила Акционен план кој досега го немало. Сетот препораки денеска се искажани и на Министерскиот Состанок на ЕУ во Брисел каде присуствуваат министерот за финансии Тевдоски и гувернерката на Народната Банка.

Лепа Џундева

 

Back To Top