skip to Main Content

Етна се разбуди, исфрла лава и пепел (Видео)

Етна се разбуди, исфрла лава и пепел (Видео)
  • 24.08.2018

Вулканот Етна на Сицилија е повторно активен, а глетката како исфрла лава и пепел е спектакуларна.

Доцна синоќа, речиси без прекин исфрлаше лава до височина од дури 150 метри, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Оттаму потсетуваат дека вулканот беше разбуден и кон крајот на јули.

Вулканската активност продолжи и денеска, но за среќа немаше евакуација во градовите на падините на Етна.

Back To Top