skip to Main Content

Експерти: Старосната граница за пензионирање наскоро да порасне, а придонесот веднаш

Експерти: Старосната граница за пензионирање наскоро да порасне, а придонесот веднаш
  • 30.04.2018

Старосната граница за пензионирање наскоро ќе мора да порасне, а стапката на пензискиот придонес ќе мора да се зголеми веднаш.

Ова е ставот на експертите Јадранка Мршиќ, универзитетски професор и Благица Петрески, директор на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, за најавената реформа во пензискиот систем со цел да се санира дупката во Фондот за ПИОМ од речиси 500 милиони евра.

Тие се децидни дека популизмот со кој се служеше претходната влада како намалувањето на пензискиот придонес, ослободувањето од плаќање на придонеси на странските инвеститори,честото зголемување на пензиите без рационален основ, со што пензијата за десет години порасна од 8.800 на 14.000 денари не смеат никогаш да се повторат. Тоа според нив се и главните причини што енормно порасна пензискиот дефицит кој се крпи од Буџетот. Поради ова не се остваруваат ниту проекциите на вториот пенизски столб. За да дознаете дали црните сценарија за пукање на пензискиот меур се и поцрни од што се претпоставува погледнете го целиот разговор во видеото.

Back To Top