skip to Main Content

Ексклузивно интервју со живата легенда на светската кошарка – Дино Раџа во „Лица“

Ексклузивно интервју со живата легенда на светската кошарка – Дино Раџа во „Лица“
  • 13.05.2019

Кошарката во регионов веројатно најголемиот подем го имаше во периодот пред распадот на поранешна Југославија. Една од кошаркарските легенди на тој период е славниот Дино Раџа, кој ја продолжи фантастичната кариера од родната Хрватска во Бостон, Италија и Грција, за повторно да се врати дома, активен во Хрватскиот кошаркарски сојуз.

Во денешната емисија „Лица“, главна тема нема да биде кошарката, затоа што Раџа има да каже многу повеќе од тоа што е само спорт. По речиси 30 години повторно во Скопје, тој си споменува дека дошол за натпревар и последен пат поминал низ земјава на мотор, од Охрид кон Солун пред 10-тина години. Поводот за неговото повторно доаѓање во Скопје е роденденот на легендарниот Лазар Лечиќ, тренер кој остави длабока трага на овие простори со својата кариера.

Повеќе за животот и делото на легендарниот Дино Раџа можете да погледнете во видеото.

Back To Top