skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ексклузивно интервју на Заев за 1ТВ: Мораме да одговориме со вредности и реформи на храброста на народот

Ексклузивно интервју на Заев за 1ТВ: Мораме да одговориме со вредности и реформи на храброста на народот
  • 06.05.2019

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, веднаш по прогласувањето на изборната победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, во ексклузивно интервју за 1ТВ, вели дека анализата на изборниот резултат е пред сѐ поттик да размислува како да продолжиме напред со уште поголеми чекори.

-Мораме и можеме да му покажеме на народот вредности кои се вредни за нивната храброст поради донесувањето на ваквите одлуки кои за нас значат охрабрување како политичари. Тоа значи да продолжи процесот на реформи, мораме да создадеме здраво општество во кое ќе владее правото со сите вредности кои се стремиме да ги имаме како идна членка на НАТО и на ЕУ. Втората порака е дека мораме да правиме промени внатре. Голем дел од функционерите не ги исполнија задачите. Граѓаните прецизно и многу внимателно ни ја испратија пораката. Тоа за мене значи брзи промени, внатре во Владата и во одредени јавни институции, заради тоа што мораме да ги исправиме слабостите на нашиот административен систем, за да можеме уште поуспешно да излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, да ги спроведеме реформите и брзо да го вратиме економскиот стандард. Третиот дел, уште еднаш, е порака на помирување. Општеството ни е сѐ уште поделено. Овие скандинавски, европски избори што ги спроведовме се моја гордост заради демократската зрелост на нашиот народ и сето тоа уште еднаш ме поттикнува да соработувам со опонентите, со коалициските партнери и со сите граѓани за да покажеме уште поголеми успеси, рече Заев.

Според него, ако се стремиме кон ЕУ, треба да го практикуваме дијалогот, колку и да е тешко. Како што вели, тоа е во карактерот и на избраниот претседател Пендаровски, а брзиот успех на земјава може да биде поттикнат со отворен дијалог, разбирање и меѓусебни отстапки со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, но никако на штета на интересот на граѓаните.

-Со лидерот на опозицијата Мицкоски, сѐ уште додека го давам интервјуто не сум се слушнал, но веројатно имаат сѐ уште прес конференции. Ние имаме отворен дијалог и разговор, верувам дека многу брзо, скоро веднаш ќе ги додоговориме процесите за јавнообвинителскиот систем затоа што уште тоа прашање е незатворено. Во текот на кампањата имаше исчекор меѓу двете страни за едно многу суштествено прашање, а тоа е иднината на предметите. Тоа значи дека јавните обвинители и судиите ќе одлучуваат за иднината на предметите, а не ние политичарите, дури ни законите преку парламентот, рече Заев и изрази надеж дека прашањето за СЈО ќе биде наскоро затворено.

Заев вели дека ја знае обврската и приоритетот во Владата и во партијата по победата со горчлив вкус и фактот дека изгубија дел од претходно добиените општини.

-Ќе треба прво да правам промени во мојата политичка партија затоа што тоа е основата на претставништвото во владата. Прво ќе тргнеме од тука, во дел од општинските организации, од централните органи на партијата. Веднаш потоа, во јавните институции и претпријатија, акционерски друштва и сите други државни институции и Владата, затоа што реконструкција и реформи мора да се направат. После две години време е да направиме пресек, каде се слабите карики, каде да ги појачаме добрите карики, рече Заев и додаде дека граѓаните прецизно ја испратиле пораката – корегирајте се дома, затоа што следниот пат нема да ви прогледаме низ прсти.

Тој рече дека промените ќе бидат искрено направени, со максимално можно од понудата на професионалци, за да им служат добро и на граѓаните и на државата.

Back To Top