skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Европско првенство во шах во Македонија – разговор во Студио 1

Европско првенство во шах во Македонија – разговор во Студио 1
  • 18.03.2019

Во отвореното Студио 1, како и секој понеделник, новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски, освен најавите на содржините коишто ќе може да ги погледнете денес, го поканија колегата Слаѓан Ивковиќ од спортската редакција, по повод европското првенство во шах, голем турнир што во Македонија донесе натпреварувачи од сите држави. На оваа тема, тој разговара со неговиот гостин, претседателот на Шаховската федерација Благоја Богоевски.

-Ова е спортски настан од огромно значење за Р. Македонија. Тоа што ќе се случува во наредните две недели во хотелот Хилтон всушност е индивидуално шаховско првенство на Европа, отворена селекција, што значи дека може да играат и мажи и жени. Има речиси 400 учесници од 43 земји, фасцинантна бројка, особено ако земеме пред вид дека две третини од нив се велемајстори, што укажува на сериозноста на овој шаховски настан, вели Богоевски.

Како што објаснува, по шаховската олимпијада во 1972 во Скопје, ова е најголемо вакво натпреварување, со најголемо значење за нашата земја.

-Благодарение на добрите релации со првите луѓе на европската шаховска федерација, побаравме организација на еден ваков поголем настан. Тешко беше да се добие, успеавме во директна конкуренција со Израел, кој првично веќе го доби настанот пред нас, но успеавме да го преземеме. Ова е настан што ќе значи многу за Македонија. Спортистите се најдобри амбасадори на своите држави. На овој начин покажуваме колку ја сакаме својата земја, колку ни значи, колку се бориме за неа, вели Богоевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top