skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дојчиновска Пеовска: Функционерите треба сами да внимаваат да не дојдат во конфликт на интереси

Дојчиновска Пеовска: Функционерите треба сами да внимаваат да не дојдат во конфликт на интереси
  • 26.06.2019

Ставот на Антикорупциска дека постои конфликт на интереси во тоа премиерот да ја преземе и функцијата министер за финансии не е задоцнет, вели Софка Дојчиновска Пеовска, член на ДКСК.

-Јавноста треба да знае дека Комисијата дејствува пост фестум и овој чекор, превентивно да укажеме на нешто што може да настане, а потоа да предизвика посериозни последици, е направен токму имајќи ја пред вид сериозноста на моментот. Ние го дадовме нашето соопштение до Собранието токму со тоа дека укажуваме на она што е утврдено во нашиот закон, којшто изрично ги набројува функциите што не може да се спојат една со друга, рече таа.

Таа нагласува дека на премиерот му било дадено време да постапи според законот, затоа што одговорноста да не дојде до судир или неспоивост на одредени функции е на функционерот, а не институционална. Не постапувале по претставка, туку одлуката е донесена по сериозна расправа во Антикорупциска.

-Не постои институционална одговорност да ѝ посочуваме на Владата да види што прави, предлог спротивен на законот. Не може и не треба да се постапува така. Ако го извртиме законот, ако ја извртиме функцијата на Комисијата, ќе излезе дека треба да трчаме по сите носители на функции и да ги опоменуваме. Треба да внимаваат во секој случај да не се најдат во судир на интереси. Ако не се сигурни, законот вели – прашајте, изјави Дојчиновска Пеовска.

Како што објаснува, решиле да излезат од крутата примена на законот затоа што во Комисијата преовладало мислењето дека ако дозволат, а се свесни дека оди кон тоа, ќе се направи поголема штета.

-Имиџот на Комисијата не е толку битен колку што е битно да се превенира сега, во конкретнава ситуација, да дојдеме до избор на претседател на Влада и министер кој неминовно ќе мораше да го санкционираме, вели таа и додава дека би било некоректно само да гледаат отстрана и да дозволат да се случи тоа.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top