skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Досие „Урбана мафија“ – Македонски инсајдер

Досие „Урбана мафија“ – Македонски инсајдер
  • 21.02.2019

Темата за урбаната мафија во Македонија е присутна во јавноста со децении. Многумина известувале за неа. Градежни маркички, дозвола за градба, детални и подетални урбанистички планови. Договори во четири очи, со две стегнати раце.

Згради никнуваат насекаде. Процедурите за нивно градење се долготрајни и компликувани. Низ тие административни лавиринти можат да се снајдат само вистинските експерти. Но урбаната мафија не е онаа која се занимава со цигли и бетон. Тоа се завршните фази на градењето. Пред да се стигне до арматурата, претходат низа правни, административни и финансиски операции во кои се кријат тајните на занаетот на оние кои ги знаат дупките во законите.

Во Македонија не се гради нелегално. Во Македонија постојат доволно закони кои можат да ја покријат секоја криминална намера и нејзиното спроведување во градежниот бизнис. Кога ќе биде завршен објектот, тешко може да се утврди кој сѐ профитирал. На граѓаните само им останува да плетат приказни за урбаната мафија.

Во продолжение погледнете го првото досие на „Македонски инсајдер“ кое е посветено токму на овој облик на криминал.

Back To Top