skip to Main Content

Досието „Кубус“ во судските лавиринти – тема во „Правда и неправда“

Досието „Кубус“ во судските лавиринти – тема во „Правда и неправда“
  • 09.04.2019

Минатиот вторник во „Правда и неправда“ аргументите за нивните комплицирани должничко-доверителски односи ги соочија поранешната директорка во „Фершпед“ Кираца Трајковска и сопственикот на фирмата „Кубус“, Златко Тодоров, а го допревме и проблемот со банките.

Вечерашниот соговорник, Иван Георгиевски, правник и поранешен косопственик на „Кубус“ беше спомнат во разговорот и затоа побара да ја раскаже својата страна од приказната, како и за судската голгота низ која поминувал, а која вели дека му го променила животот.

На 28 март е отворена стечајна псотапка за „Кубус“, а тој е излачен доверител, лице кое ќе докаже дека врз основа на некое лично или стварно право не е дел од стечјанта маса.

-Бевме успешна фирма. Морам да признаам дека Златко Тодоров е одличен архитект. Жално е што ја напушти професијата и отиде во други води, да стане бизнисмен. Инаку ние имаме објекти кои се навистина за почит, станбени згради, фармацевтски факултет, вели Георгиевски.

За улогата на банките во должничко-доверителските односи, каде што под хипотека се ставаат станови и деловни објекти и за тоа колку е тешко да се утврди дека хипотекарните договори се обременети, вели дека банката се јавува како доброчинител, за што наплаќа и дебела камата.

-Една од осетливите точки за перење на пари е градежништвото. Градежната мафија е добро лоцирана како проблем за спречување на перење на пари, затоа што во градежништвото се потребни 7 до 8 години за враќање на инвестицијата. Инзвонредно добри градежници можат да ги вратат и за три години, ако се поволни условите. Во Скопје се инвестираат огромни пари во градежништвото, а ако погледнете колку станови се продадени од тие огромни згради, се прашувате каде е повратот на инвестицијата, како може инвеститорот да обезбеди толкава сума на пари за изградба на толкав објект, а продадени се мал број, изјави Георгиевски и додава дека ако Управата за финансиско разузнавање се обиде да навлезе во суштината, ќе се средат многу работи.

Тој вели дека пазарот не може да апсорбира толкав голем број на станови, затоа што уште во 2000 година статистичките истражувања покажале дека во Македонија има 75.000 станбени единици повеќе отколку што има семејни домаќинства. За 2019 нема официјални податоци, но разликата мора да биде огромна, чудно е што на пазарот се нудат многу повеќе станови, а цената останува иста, анализира Георгиевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top