skip to Main Content

Доминира ли политичкиот примитивизам во јавната дебата? – анализа во Студио 1

Доминира ли политичкиот примитивизам во јавната дебата? – анализа во Студио 1
  • 14.09.2018

По еднопартизмот, Македонија покажа поголема политичка култура отколку во новиот век. Дебатата е нешто незамисливо веќе за цела една млада генерација, која немаше можност да ја види оваа демократска пракса на тв екраните.

Обидите за повторно враќање на дебатите, пак, резултираат со политички примитивизам – недослушување, упаѓање во збор и некоректен говор. Во последните години, пак, со своето неприсуство на дебати, повиканите диктираа услови и ги боеја медиумите како партиски определени.

-Ние во овој момент не сме македонска специфика, туку постои светско движење на овие процеси. Не е тоа македонски синдром. Трамп одбра да оди на една телевизија, Си-ен-ен не ги есапи. Да не заборавиме дека Саркози стана од среден интервју бидејќи не му се бендиса прашањето. Македонија го изживува последниот миг на политичкиот и јавниот дискурс на примитивизмот. Плус, влегуваме во најлошата фаза во која се спојуваат т.н. лажни вести со политичкото промо во кое ние новинарите сме подеднакво партиципиенти, вели новинарот Александар Чомовски.

-Штом ја отворате дебатата, не можете да ги контролирате ниту сите учесници ниту фреквенциите и амплитудите во разговорите. Понекогаш ќе има жестоки судири, понекогаш размена на информации. Второ, технологијата во последнава деценија се поклопи со Груевски кој беше на власт, но и дополнително го демократизираше просторот, но на анонимно ниво. Трето и најважно, се разви потребата од контекс. Дебатите се смислени во демократијата за граѓанството кое излегува на избори да биде квалификувано да го направи својот избор, со добри информации, да избере меѓу опциите, вели новинарот Сашо Орданоски.

Back To Top