skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ДНК прославија 16 години постоење со тројна промоција! (ВИДЕО)

ДНК прославија 16 години постоење со тројна промоција! (ВИДЕО)
  • 29.05.2018

Tерасата на „Парк хотел и спа“, вчеравечер беше претесна да ги собере сите соработници, колеги и пријатели на момците од ДНК, Панчо и Андреј, кои имаа тројна промоција. Нов спот и песна, нов материјал со најдоброто од нив во изминатите 16 години и ДВД од концертот одржан минатата година, а по повод јубилејниот 15 роденден на двоецот.

„Ви благодариме што сите овие години сте со нас и нашата музика, без вас навистина ништо“, едногласни се момците, кои освен сработеното уште еднаш покажаа дека се луѓе со огромни срца. Имено, материјалот ’The best off’ и – дивидито од концертот одржан минатата година во Метрополис арената, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК не го подаруваа, продаваа, но ги замолија сите присутни кои ќе дојдат до пултот каде што можеа да се земат истите да донираат за Ања, девојката на која и е потребно ново срце. Гест кој наиде на огромна поддршка кај присутните, некаде околу 400 гости, а меѓу нив Дејан Манасков, Тара, Дани, Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Ребека, Тамара, Роберт Билбилов, Наташа Малинкова, Дарко Димитров, Лила… На крајот, по завршувањето на промоцијата на сметката на Ања веќе се уплатени точно 48, 268 денари.

Присутните премиерно го видоа и видеото за новата песна со наслов „Дијамант“, инаку снимено токму во овој хотел. Песната, пак, е заедничко дело на Панчо и нивниот долгогодишен соработник Лазар Цветкоски.  

Дел од албумот „The best off“ се 22 добро познати теми, меѓу кои „Авион“, „Стојам сам“, „Невозможна мисија“, „Пази се од мене“, „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Она е од Шутка“…, и токму „Дијамант“ како бонус трака.

 

Back To Top