skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ДКСК одби девет од десет приговори на ВМРО-ДПМНЕ но сепак ќе испрати известување до обвинителството

ДКСК одби девет од десет приговори на ВМРО-ДПМНЕ но сепак ќе испрати известување до обвинителството
  • 10.04.2019

Девет од вкупно десет приговори одби Антикорупциската комисија откако ВМРО-ДПМНЕ констатирала дека од почетокот на изборната кампања владеачката коалиција злоупотребила канцелариски материјали и канцелариски простории за изборни цели но и дека Град Скопје објавил оглас за субвенции за велосипеди и инвертер клими по распишување на изборите.

Иако Антикорупциската комисија го отфрли приговорот, сепак,  како што образложи Нури Бајрами, пропуст е направен, а согласно принципот на добро владеење па затоа ќе испрати известување до Јавното обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор против Град Скопје и за субвенциите за инвертер клими, но и тој приговор беше одбиен како неоснован.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пак рече дека јавно кажале дека исплатата на субвенциите ќе биде по изборите. За него приговорите на ВМРО-ДПМНЕ се политички мотивирани а не правно аргументирани.

Единствен приговор кој Антикорупциската комисија го прифати беше оној за злоупотреба на канцеларии во општинската зграда на Шуто Оризари, за одржување прес-конференција за поддршка на претседстелскиот кандидат, од владеачката коалиција Стево Пендаровски. За овој приговор Антккорупциска побара повеќе време за утврдување на фактичката сосотојба, бидејќи од општината образложија дека истата зграда ја делат и општината и деловни простории за кој градоначалникот нема ингеренции.

ВМРО-ДПМНЕ доставила приговори и за 116 вработувања во Водостопанство, за реконструкција на улица во општина Карпош, за делење пакети со храна на социјални семејства од општина Центар, но сите беа отфрлени со образложение дека ваквите активностите веќе биле предвидени во годишните програми за работа на институциите наведени во приговорите.

Според Изборниот законик за потребите на изборната кампања забрането е  користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста. Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски луѓе.

Искра Опетческа

Back To Top