skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дијаспората од утре ќе се пријавува да гласа на референдумот, на увид и избирачкиот список

Дијаспората од утре ќе се пријавува да гласа на референдумот, на увид и избирачкиот список
  • 08.08.2018

Македонската дијаспора од утре ќе може да се пријави за да гласа на референдумот. Секој иселеник кој има желба да го каже својот став на референдумското прашање, до 23 август е должен да поднесе пријава до дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство. Дијаспората ќе гласа по исти правила како за изборите, а условите за отворање на гласачко место ќе бидат исполнети само доколку се пријавиле најмалку 10 гласачи.

– Тие пријави што се поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва, преку МНР ќе бидат доставени во ДИК, па по констатирање на бројноста на заинтересираните за изјаснување во дијаспората ќе биде организирано гласање. Пријавувањето за изјаснување на референдумот во дијаспората ќе се спроведува од 9 до 23 август, велат од ДИК.

Познато е дека македонската дијаспора е поделена на два различни табора, кога се говори за референдумот. Од една страна  е Обединетата Македонска Дијаспора, од каде повикуваат на бојкот на референдумот, а од друга страна, Форумот за Демократска Македонија уште една организација на иселеници од Македонија, која го поддржува референдумот и повикува да се излезе на истиот.

На домашна сцена ,пак, Левица ја оспорува уставноста и законитоста на распишаниот референдум. Според нив,одлуката не е во согласност со Уставот, законот за референдум и европските стандарди, особено референдумското прашање.

– Тоа е „капциозно“ или прашање стапица, кое што е забрането и со нашиот закон и со европските стандарди односно венецијанскиот кодекс на добри практики за референдуми и тој не го полага таканаречениот троен тест за единство, изјави Димитар Апасиев.

И додека политичките чинители во земјата упатуваат јасни пораки до своите поддржувачи, единствено ВМРО-ДПМНЕ јавно не му кажа на членството како да постапи на референдумот. Вчера партискиот лидер Христијан Мицкоски изјави дека тоа ќе го сторат најдоцна до 10-ти септември.

Во периодот кога дијаспората ќе се пријавува да гласа на референдумот, ќе трае и јавниот увид во избирачкиот список, каде секој македонски граѓанин со право на глас ќе може да ги види своите податоци, и да ја провери нивната исправност.

Од друга страна јавната пропаганда почна, а социјалните медиуми се полни со аргументи „за„, „против“ или бојкот на референдумот на 30-ти септември. По однос на емитување на платената политичка програма, АВМУ, до 17-ти август ќе ја држи отворена јавната дебата за Препораките за медиумско претставување за време на референдумот.

Антонио Крстевски

Back To Top