skip to Main Content

Дискриминација на трансродовите лица во Македонија – дебата во Студио 1

Дискриминација на трансродовите лица во Македонија – дебата во Студио 1
  • 17.12.2018

Денешна тема во Отвореното Студио 1 беше „Трансродовите проблеми во Македонија“, односно со какви препреки и предизвици се соочуват во македонското општество, кое е малку поконзервативново, во кое што легалните и општествените рамки се уште се во фаза на прилагодување на секојдневниот живот.

Во дебатата на тема „Дискриминација на трансродовите лица во Македонија“ гости во Отворено Студио 1 беа Славчо Димитров координатор на проект и Наташа Бошкова правен експерт, двајцата од коалиција „Маргини“, кои разговараа за проблемите со кои се соочуваат трансродовите луѓе.

„Слободно може да се каже дека трансродовите луѓе се најдикскриминираната група на граѓани во државава.  Несомнено е дека има поместување во однос на преземањето на чекори за ова прашање. Но кај нас немаме институционална меморија. Со смената на власта се постави ново раководно лице, па дојде до промена и покрај одлуките на Управниот суд во корист на траснсродовите лица “, рече Димитров

Коалицијата „Маргини“ веќе десеттина години работи на проблемите со кои се соочуваат трансродовите луѓе, група која брои 30 луѓе.

„Не дека овие проблеми не постоеја и порано. Ние 10 години интензивно работиме со нив. Станува збор за група од 30 луѓе. Законот за дискриминација е во постапка во Собранието, но тоа не е доволно за да се решат рпоблемите. Ние како организација бараме посебен закон, кој јасно ќе ја регулира оваа процедура, со сите дополнителни мерки кои државата треба да ги преземе“, кажа Бошкова.

Во однос на законската рамка и законот за матичната евиденција, односно процедурите кои мора да ги поминат трансродовите луѓе, како и проблемите со кои се соочуваат и дискриминацијата во однос на нивната определба, погледнете во видеото.

Back To Top