skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Димовски: Заев веќе нема легитимитет да зборува за правда и демократија

Димовски: Заев веќе нема легитимитет да зборува за правда и демократија
  • 20.10.2018

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска на прес конференција ги обвинија премиерот Заев и Владата за силување на демократијата и волјата на народот.

-Сега се гледа која била намерата да се нарачаат политички конструирани обвиненија и притвори за 27 април, да се нарачаат монтирани предмети против деца на пратеници или да се ангажира специјалното јавно обвинителство да гони поранешна министерка за култура која е актуелен пратеник. Раководството на СДСМ порачуваше дека Крсто Мукоски бил убиец кој морало да си лежи. „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ, а истите се радуваа и ликуваа што Елизабета Канчевска Милеска останала без пасош бидејќи таа била зло за Македонија. Истото тоа раководство на СДСМ сега побара и доби поддршка за антидржавните политики токму од овие пратеници кои најжестоко ги напаѓаше. Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ, изјави членот на ИК Димитар Димовски.

Тој порача дека вчера бевме сведоци на кршењето на европските вредности, на притисоци, уцени, па дури и сомнеж за корумпирање се со цел да се спроведе штетниот и капитулантски договор на Заев со кој се сруши интегритетот и суверенитетот и идентитетот на Република Македонија.

Запрашан за сомневања дека преспанскиот договор е напишан од поранешен американски дипломат Аманда Слот, Димовски рече дека партијата немаме информации и дека истото го виделе и тие во некои медиуми, но дека за ВМРО-ДПМНЕ договорот завршил на 30 септември и е политички и законски мртов.

Back To Top