skip to Main Content

Димевски: МВР има сознанија за Пинето Секондо, не е сѐ како што се зборува меѓу луѓето

Димевски: МВР има сознанија за Пинето Секондо, не е сѐ како што се зборува меѓу луѓето
  • 20.12.2018

Исчезнувањето на 26-годишниот Пинето Секондо кое ја вознемири јавноста, откако неговата мајка апелираше за помош на социјалните мрежи, беше поводот Студио 1 да се позанимава со тоа што е секторот за исчезнати лица на МВР. Гостин на уредничката Анета Кочишки е началникот на познатиот „сектор 1“ на СВР Скопје, Саше Димевски.

Откако мајката се пожали дека по 10 дена никој не успеал да го пронајде нејзиниот син и дека тој немал причина да побегне од дома, на прашањето дали е во Скопје, Димевски вели дека МВР спроведува многу темелна истрага и дека по младиот Секондо се трага со сите мерки.

-Од ОЈО ги имаме добиено сите можности да ги пребаруваме градот, телекомуникациските врски, а имаме допринос и од социјалните мрежи. За нашите сознанија до сега, во интерес на истрагата, не би навлегувал во детали, но говорат дека не е тоа што се зборува во кулоарите, изјави Димевски.

Како што објаснува тој, лице се прогласува како исчезнато кога ќе го пријави роднина или некој близок, а истрагата почнува по 48 часа.

-Секогаш кога ќе дојде до пријава за исчезнато лице, анкетирањето е првото што го правиме за секој, објаснува Димевски и додава дека најстариот случај за исчезнато лице во евиденцијата на МВР е од 80-тите години.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top