skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Детски камп на Реал Мадрид во Охрид и хуманитарна дружба за помош на детските градинки во Скопје

Детски камп на Реал Мадрид во Охрид и хуманитарна дружба за помош на детските градинки во Скопје
  • 14.01.2019

Во отвореното Студио 1 линковски се јави спортскиот новинар Слаѓан Ивковиќ, од вториот камп на Реал Мадрид во Македонија, каде што дури ниту студеното време не им отежна на младите фудбалери да излезат на терен.

-Ние сме партнери на Фондацијата Реал Мадид и организатори на кампот. Сепак немаме големо искуство да процениме дали има некое дете потенцијална шанса да замине во шпанскиот клуб. Најбитно е децата да бидат среќни што се дел од Реал Мадрид Кампус Експириенс, но ако некое дете ги исполнува тие критериуми, ништо не е исклучено, вели Влатко Тодев од организаторот на кампот во Македонија, Спорт Арена.

Од василичарската хуманитарна дружба „Сите под еден чадор“, линковски се јави колешката Сузана Турунџиева, со нејзината гостинка Наташа Станојковска Трајковска, координатор на Институтот за дефектологија. Како што објаснува таа, луѓе од јавниот, политичкиот и бизнис живот се собраа на исто место да донираат за детските градинки.

-Решивме да почнеме од детските градинки во општината Гази Баба, затоа што сметаме дека раниот детски развој е најважен во животот. Децата со посебни потреби се сѐ повеќе на број во детските градинки, па сметаме дека со средствата што ќе ги собереме, ќе ја поттикнеме јавната свест и дека и понатаму ќе се донира, како и дека ќе набавиме дидактички материјали за градинките во Гази Баба, а да поттикнеме и вработување на стручен кадар, вели Станојковска Трајковска.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top