skip to Main Content

Деспотовски во Централниот Дневник на 1ТВ: Македонија не е изолиран остров, туку дел од глобалните трендови

Деспотовски во Централниот Дневник на 1ТВ: Македонија не е изолиран остров, туку дел од глобалните трендови
  • 13.04.2019

Наскоро во Македонија ќе ги видиме првите иновациски милионери, тврди директорот на фондот за иновации Јован Деспотовски, кој беше гостин во Централниот Дневник на 1ТВ.

„Македонија не е изолиран остров, туку дел од глобалните трендови. Во моментов реализираме проекти кои се финансирани од Владата и Светска банка. оа значи дека очекувам дека економијата ќе ги види првите ефекти од тоа, а и граѓаните. Глобалните трендови покажуваат дека вложувањето носи резултати на долгорочен план. Во наредните година две реално има потенцијал да видиме први стартап милионери во државата. Пред неколку недели имамвме посета од страна на израелски фондови, кои избраа 30 од 230 компании кои ги финансираме. Првичниот впечаток е дека маме  потенцијал и дека ќе се вратат повторно.

Нашата комуникација која е поагресивна е една од клучните пораки дека иновацијата е применлива секаде, во енергетиката, земјоделието, медицината и животната средина. Утре ќе промовираме еден од проектите, а тоа е здрава храна. За секој секој граѓани ќе има полза. Станува збор за иновативен пристап, од семето до целиот процес на садење и пакување и презентација пред крајниот потрошувач“, рече Деспотовски, кој додаде дека пред две недели беше отворен јавен повик кој до сега бележи 800 регистрации што само по себе е показател дека успеале да направат прогрес во домашната економија.

Целиот разговор погледете го во видеото.

Back To Top