skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дескоска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да не биде против увидот на ДКСК во банкарските сметки на политичарите

Дескоска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да не биде против увидот на ДКСК во банкарските сметки на политичарите
  • 11.01.2019

ВМРО-ДПМНЕ е против, идните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата да имаат увид во банкарските сметки на функционерите, политичарите и донаторите на политичките партии, кажа министерката за правда Рената Дескоска по денешната неформална средба со новинарите во Клубот на пратеници во Скопје.

Министерката за правда посочи дека за нив е неприфатливо и барањето да се формира Национален совет за борба против корупцијата, бидејќи тоа би значело паралелизам во делувањето и работата на Антикорупциската комисија.

Според Дескоска Специјалното јавно обвинителство треба да ја задржи својата независност, бидејќи, како што кажа таа, СЈО се покажало како одлично решение и тоа не треба да се изедначи во рангот на Обвинителството за организиран криминал.

Според неа за оние постапки што се во фаза на обвинение нема дилема дека треба да продолжат во рамки на СЈО. За оние пак што се во фаза на предстражна или истражна постапка ќе треба да биде дефинирано според надлежностите што ќе бидат распределени меѓу овие две обвинителства.

Дескоска очекува 2019 година да биде година на реформи во правдата. Таа верува дека во Собранието ќе бидат обезбедени 2/3 од гласовите на пратеници или 80 од вкупно 120 гласа во Собранието за непречено изгласување на реформските закони од областа на правосудството.

Искра Опетческа

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Back To Top