skip to Main Content

Демистификација на лидерството – разговор во Студио 1 за Глобалниот лидерски самит

Демистификација на лидерството – разговор во Студио 1 за Глобалниот лидерски самит
  • 22.11.2018

Во македонската Филхармонијата утре се одржува глобален лидерски самит, настан што веќе шеста година се одржува во Скопје, заедно со уште 130 земји и на многу јазици. Платформата за развој на лидерството е потребна во земјава, смета организаторот Никола Галевски од Центарот за поттик на креативни потфати, а целта на говорниците ќе биде да инспирираат и да мотивираат.

-Самитот, за разлика од другите слични, не опфаќа само еден сегмент од општеството, туку ги поттикнува луѓето да водат таму каде што се. Имаме студенти, постдипломци, професори, луѓе од бизнис сферата, уметноста… Говорниците сакаат да инспирираат и да го пренесат нивното искуство и пракса надвор од нивните книги, учебници или видеа, вели тој.

Како што објаснува, Самитот има важна функција – демистификација на водството.

-Не само кај нас, туку и во светот постои процес на мистифицирање на процесите, одлуките и вредностите коишто довеле до одредени резултати. Со директна комуникација со овие светски водачи имаме можност да ѕирнеме позади завесата, да ги видиме принципите, вредностите и светогледот што ги довел до таму каде што се и да си го поставиме прашањето како да го примениме тоа во овие наши македонски услови, вели Галевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top