skip to Main Content

Девет години од неговата смрт: Наоми Кембел се огласи со емотивна порака за Мајкл Џексон (ФОТО+ВИДЕО)

Девет години од неговата смрт: Наоми Кембел се огласи со емотивна порака за Мајкл Џексон (ФОТО+ВИДЕО)
  • 26.06.2018

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година поради срцев удар, само десет дена пред еден настсп, како дел од турнејата во лондонската О2 арена, за која беа распродадени сите 50 концерти.

По повод годишнината од неговата смрт, Наоми Кембел јавно се огласи објавувајќи заедничка фотографија од снимањето спотот за хитот на Мајкл Џексон.

„Не можам да поверувам дека поминаа 9 години … Ми недостигаш. Те сакам. Засекогаш ќе бидеш во моето срце! Ќе живееш долго … Мајкл Џексон. Кралот на попот. Почивај во мир.“ – напиша Наоми на Инстаграм.

Имено, во далечната 1992 година, Наоми беше во видео записот на Мајкл Џексон за „In the closet“.

Back To Top