skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Датумот од ЕУ во фокусот на денешниот ден – Студио 1

Датумот од ЕУ во фокусот на денешниот ден – Студио 1
  • 18.06.2019

Во отвореното Студио 1, ги најавуваме темите и гостите на денешниот ден. За Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака! ќе зборуваат психологот м-р Маја Гацоска и дефектологот Виктор Боризовски, а со уметникот Глигор Стефанов ќе зборуваме за ретроспективната изложба „Грабање на просторот“ во рамките на Скопско лето.

Уредникот Александар Чомовски ќе ја отвори темата „Заев и Пендаровски со економска класа во авионите за Брисел – обид за скромност или изнуден ПР“ со ПР експертот Бојан Кордалов.

Во „Правда и неправда“ ќе можете да ја погледнете животната приказна на Али Касам кој тврди дека е жртва во судскиот процес „Фаланга 2“.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ќе гостува во отвореното Студио 1 на темата дали партијата ќе се реформира со старите кадри и каква партиска платформа ќе понудат на следните избори.

Во овој дел од Студио 1 се потсетуваме и на вчерашниот разговор со аналитичарот Алберт Муслиу прашањето кое веќе подолго време ја мачи државата – кога Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, за што токму денеска заседаваат министрите за надворешни на земјите членки на ЕУ во Луксембург.

За владеењето на правото и правната држава зборуваше специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која призна дека СЈО не е безгрешно, но сепак, од почетокот до денес одлично си ја врши работата.

Целото отворено студио можете да го погледнете во видеото.

Back To Top