skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дали сообраќајните казни само го полнат буџетот или внесуваат дисциплина во сообраќајот – тема во Студио 1

Дали сообраќајните казни само го полнат буџетот или внесуваат дисциплина во сообраќајот – тема во Студио 1
  • 08.02.2019

Во главниот град впечатокот е дека владее сообраќаен хаос. Свеста е ниска и кај возачите и кај пешаците, па се поставува прашањето дали казните за сообраќајните прекршоци само го полнат буџетот или имаат и корективно влијание на возачите во сообраќајот. На оваа тема уредничката Јадранка Костова разговараше со началникот на сообраќајната полиција Дејан Трајковски.

-Ако имаме пред вид дека во 2018 во Скопје се случиле 3.509 сообраќајни незгоди, од кои 31 со смртни последици и од кои 15 возачи, 9 пешаци и 7 сопатници и ако имаме пред вид дека се поднесени 1.222 барања за поведување на кривична постапка против прекршители, главната цел на МВР не е полнење на буџетот. Ова е намалување за 3,5% на сообраќајните несреќи за периодот 2018/2017, вели Трајковски и додава дека освен паричните казни, законот дозволува и впишување на негативни поени.

Според него, само малку средства влегуваат во буџетот, и тоа не е целта на полицијата, туку да спречи потешки прекршоци и да ги намали сообраќајните незгоди и на жртвите во сообраќајот.

-Потребно е зголемување на бројот на јавните паркинзи, но тука е и ниското ниво на сообраќајна култура кај дел од возачите, вели тој и додава дека не постојат двојни аршини кај полицијата кога казнува.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top