skip to Main Content

Дали „метлата“ на Заев ќе донесе суштински промени – тема во Студио 1

Дали „метлата“ на Заев ќе донесе суштински промени – тема во Студио 1
  • 31.05.2019

Политикологот Гордан Георгиев во својата анализа на македонското општество вели дека не знаеме на каде точно одиме. Според него, општеството имаше период кога беше шизофрено, а таа состојба почнува со подемот на поранешниот премиер Никола Груевски. Според него, потегот на Заев со „метлата“ е без преседан на македонската партиска сцена, а била изнудена по релативно лошиот резултат на претседателските избори. Сепак, вели, рано е да се оцени влијанието на промените, но добро е тоа што иако се победничка партија, Заев презема радикална превенција.

-Сега веќе во партијата, претпоставувам бидејќи немам директна комуникација, веќе има прилично роварење внатре, бидејќи партијата е облак или конгломерат од суети кои многу разорно делуваат во секоја организација, но тоа е најизразено во партија. Претпоставувам дека не е лесно да се разреши висок функционер, т.н. соборец и од најтешките периоди. Големиот предизвик е кои ќе бидат новите или старо-новите луѓе. Јавноста е премногу наелектризирана и ќе суди. Нејзиниот нож ќе биде подолг и поостар. Затоа предизвикот кои ќе бидат новите луѓе, во партијата, но особено во Владата, ќе се гледа со посебна лупа, изјави Георгиев.

Според Рангеловиќ, разрешувањето на директори и функционери треба да стане нормално во нашето општество, норма според која ќе функционираат не само партиите, туку и општеството.

-Ние треба да се навикнеме на тие оставки и одговорноста да ја сносат не само со тоа што ќе дадат оставка, туку и додека се на функција треба да сносат одговорност, да дадат отчет што и како сработиле. Во тој сегмент најлесно е да поднесете оставка и да кажете „не сум крив за ништо“, вели Рангеловиќ.

Богданов, кој е дел од реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека „метлата“ е за поздравување, затоа што СДСМ очигледно не биле задоволни од резултатот од претседателските избори, но според него, разрешувањата биле малку авторитарни, со акт на претседателот.

-Можеби беше подоблесно, како што направија потпретседателите и претседателите на општинските комитети да си понудат оставка наместо претседателот на авторитативен начин да ги разреши сите, па да им понуди повторно да конкурираат за новите избори. Нешто слично се случи и со ВМРО-ДПМНЕ лани, кога беа разрешени сите претседатели на општинските комитети и се направи реизбор на нови, иако 60-70% беа реизбрани, тие од времето на претходниот претседател. Самото разрешување не гарантира дека нешто суштински би се променило, сѐ зависи од новите луѓе што ќе се стават. За очекување е и најавената реконструкција, вториот дел, за доброто на државата, изјави Богданов.

Целото видео можете да го погледнете во видеото.

Back To Top