skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Дали Македонија е подготвена за жена претседател – Разговор во Студио 1

Дали Македонија е подготвена за жена претседател – Разговор во Студио 1
  • 10.01.2019

Претседателка на Македонија. Без родова дискриминација. Ни треба искрен, толерантен, храбар и разумен шеф на државата. Три дами за идејата идниот претседател да биде „мајка на нацијата“ – во отвореното Студио 1 разговараат Анѓелка Пеева-Лауренчиќ, од „Идеа плус“, Нина Ангеловска од „Групер“ и Ана Мартиновска, универзитетски професор.

-Гласачкото тело е апсолутно подготвено да гласа за јака и храбра личност, дали е жена или маж е второто прашање што ќе си го постават. Веќе со години наназад се задушивме во некои колективистички стеги кои за жал ги изобличија и ликовите и карактерите на самите политички фронтмени во дадени ситуации, затоа што мораат да ја слушаат партијата. Нема свежина во политиката што ќе поведе напред, дали е жена или маж, тоа е сосема неважно, вели Пеева-Лауренчиќ.

-Матријархат не е ништо подобро од патријархат. Треба сите еднаш засекогаш да сфатат дека во нашето општество постои сексизам, мизогенија и реални опструкции на жените во секојдневието, професиите, функционирањето. Во политиката исто така. Оттука, жена може да биде подеднакво добар претседател како што може да биде и еден маж и уште тоа да го прави на високи потпетици. Жените во политиката низ својата борба во тој се уште машки свет на политиката докажале дека се цврсти, сериозни и професионални. Тоа е квалитет плус за кој сме сигурни дека жените во политиката го имаат. Квотите за жените во политиката се вид на позитивна дискриминација, вели Мартиновска.

-Ако маж и жена имале исто образование, работеле исто, имаат исти компетенции, да дојдат за истата позиција ќе го побараат и ќе го унапредат мажот, а не жената. Затоа е таа позитивна дискриминација секаде во светот, за жените што имаат исти компетенции со мажите да добијат шанса да ги покажат квалитетите, додава Ангеловска.

Сите три соговорнички, запрашани дали на избори би гласале за маж или за жена, велат дека би гласале за личност со карактер, без разлика дали е маж или жена.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top