skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дали е демократијата во средновечна криза – тема на „Печат на неделата“

Дали е демократијата во средновечна криза – тема на „Печат на неделата“
  • 05.06.2019

Предминатата недела во Историскиот музеј на Германија во Берлин се отвори изложба за годините на Вајмарската република, од 1919 до падот во 1933. Често се заборава дека тоа беа години на исклучително либерална демократска атмосфера, со стандарди на слободи од сексуални права, до права на малцинствата, право на изразување на слободно мислење. Сето тоа заврши трагично со подемот на фашизмот и на Хитлер.

Постојат паралели 100 години потоа – светот и Европа живеат веќе една деценија во грч околу стандардите, иднината, демократијата. Сведоци сме дека се изгради цела цитадела на автократски режими кои ја црпат моќта од злоупотребите на либералната демократија, која можеби на почетокот на 90-тите по падот на комунизмот ја направи грешката да се самопрогласи за единствена алтернатива, дека е дојден крајот на историјата и дека од тука натаму таа останува единствен модел.

Добра вест веројатно се европските избори, кои иако ги потврдија како факт крајните десници, преовлада слободарската и либерална мисла, која контролира три четвртини од Европскиот парламент.

За проценките дека демократијата во Европа е во длабока идентитетска криза, во „Печат на неделата“ разговараат Анастас Вангели, докторант на Полската академија на науки и уметности и Ненад Марковиќ, професор на правниот факултет.

-Либералните и демократските вредности се во судир. Демократијата е популистичка, а либерализмот е игра на најдобрите и најспособните кои треба да испливаат на површина, колку и да можеме да го проблематизираме тоа. Либералната демократија е оксиморон, дрвен камен, кој не функционира во пракса како што би требало. Конкретно, за кризата на демократијата, во Европа е можеби највидлива, или можеби ни е најблиска. Уморни се и актерите, особено тие блиски до центарот, а не се политички центар – центар лево и центар десно умерените партии. Постои цикличност на расипување на демократијата и нејзино реобновување после големи драми од типот на нацизмот, која подразбира прво да се доведеме до ситуацијата да ја оспориме и да замижиме пред човековите и правата на малцинствата, а за возврат да добиеме разменска вредност на глас – некаква економска добробит или сигурност, но битно е што сме подготвени да се трампаме за тоа. Се повеќе се покажува дека е така – внимавајте што посакувате. Тоа што систем како демократијата има недостатоци, не значи дека алтернативата е подобра, изјави Марковиќ.

Како што објаснува, демагозите што се појавуваат на 50, 20 или 100 години добро ги дијагностицираат проблемите, но потоа манипулираат со емоциите на незадоволните без да размислуваат за последиците и за алтернативата што ја нудат. Според него, демократијата обезбедува добри времиња и стабилност, а добрите времиња раѓаат лоши луѓе.

-Тоа што се случува со демократијата е симптом. Демократијата е систем кој подразбира дека многу други работи во општеството веќе функционираат и имаат општествена потпора. Кризата на сигурноста и на идентитетот е нешто клучно што води до овие состојби на демократијата. Кога ќе го видите растот на популистите, авторитативните и радикалните десничари, нивната дијагноза за тоа што се случува во општеството е многу на место. Тие препознаваат, но тоа што тие го препишуваат е многу погрешно и многу тажно. Но таа криза на сигурноста, а се разликува како е дојдено до таа состојба во Америка и во Европа, аутсорсирањето на многу од индустриите во третиот свет, за да имаат сите добра работа и добри услови за живот, за потоа да им се врати како бумеранг со економските кризи. Европскиот модел кој по крајот на Втората светска војна немаше некој предизвик, триумфот на неолибералните политики, но и посткомунистичките земји, како експеримент каде што таа благосостојба преку ноќ се изгуби, влегува преку приватизацијата странски капитал насочен кон бескомпромисен профит и животната ситуација на многу луѓе се влошува, изјави Вангели.

Целиот разговор можете да го погледенете во видеото.

Back To Top