skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Дали Академијата за судии и јавни обвинители го оправда своето постоење – тема во „Правда и неправда“

Дали Академијата за судии и јавни обвинители го оправда своето постоење – тема во „Правда и неправда“
  • 18.12.2018

По примерот на неколку европски држави, Македонија пред 12 години го избра моделот за обука на кадрите во правосудството во Академија за судии и обвинители. Дали институцијата придонесе за стручно и независно вршење на судиската и обвинителската професија, какви се плановите за градење на европски модел на судија и обвинител и напуштање на праксата на „сваровски судство“ се теми за кои во емисијата „Правда и неправда“ дебатираат новата директорка на Академијата за судии и обвинители Наташа Габер Дамјановска и Сашо Рајчев, шеф на скопското обвинителство и претседател на Управниот одбор на Академијата.

-Бевме доста поделени меѓу судиите во мислењата за тоа дали е гаранција секој пат високиот просек за успешен правник, посебно практичар. Јас сметав дека осмицата е превисок праг за да се даде можност на лица коишто можеби се умешни во практичната примена на правото да можат да влезат во компетитивност со други, кои можеби имаат осмица, но можеби не би се снашле во практичниот дел од полагањето на испитот, вели Габер Дамјановска.

-Кога говориме за кандидатите за судии и јавни обвинители кои ја минуваат или ја минале Академијата, треба да ги споменеме стручните соработници во судовите и во обвинителствата, кои секојдневно и посветено работат со судија или со обвинител. Го работат се она што го работи судијата и обвинителот. Искуството на тие соработници со судии и јавни обвинители дава доволна основа да бидат вклучени во изборот на иден судија или обвинител. Но нашиот систем е таков што судија и јавен обвинител може да се избере исклучиво од завршените кандидати во Академијата, смета Рајчев.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top