skip to Main Content

Г20 самит пред променлива стратешка мапа на светот, Албанија пред избори или не – анализа во Студио 1

Г20 самит пред променлива стратешка мапа на светот, Албанија пред избори или не – анализа во Студио 1
  • 27.06.2019

Билатералните средби на трите суперсили, САД, Русија и Кина ќе го обележат самитот на Г20 економски најразвиени земји во светот што ќе се одржи во Јапонија – американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин и кинескиот Си Џинпинг. Фокусот ќе биде на нивните геостратешки интереси, а Трамп, пред уште пред да дојде, изјави дека САД, откога е тој на функцијата, се соочуваат со европски заговор, алудирајќи на царините со кои се соочуваат во европските држави, кои се поголеми од кинеските, а еврокомесарката за конкуренција Маргарет Вестагер ја обвини дека ја мрази Америка.

-Оваа изјава изненади. Тој дури рече дека има полоши односи со ЕУ отколку со Кина. Изминатиот период Трамп имаше чудна енергија кон ЕУ и НАТО, односно кон некои земји членки, поточно имаше индивидуален пристап и критика кон одредени европски политичари. Факт е дека и покрај најавите за средба на Путин и Трамп, потврдена е средбата со Си Џинпинг, којашто доаѓа во време на голема трговска војна која оди од мобилните телефони, до повлекувањето на САД од договорот за проектили од краток и среден дострел. Тие се дојдени до тоа да се најдат на работ на, освен трговска, да дојде и до дипломатска војна, анализира новинарот Дејан Андоновиќ и додава дека лидерите ќе разговараат и за кризните подрачја – Иран и Северна Кореја.

Во Албанија, пак, претседателот Илир Мета ги презакажа локалните избори за 13 октомври, како оптимален рок за земјата да се најде во истиот пакет со Македонија, додека премиерот Еди Рама инсистира дека тие ќе се одржат на 30 јуни.

-Опозицијата предводена од Демократската партија на чело со Љуљзим Баша, но и со поддршка од претседателот Мета, не ги признава тие избори. Мета најави дека новите локални избори ќе се одржат на 13 октомври, за да се намалат тензиите и да не дојде до дополнителна ексалација. Се одеше до таму дека Мета, доколку власта сепак настојува и ги одржи изборите на 30 јуни, ќе ја извади и армијата на улицата. Чудно однесување на релација претседател-премиер, вели Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top