skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Груевски со помош на унгарски разузнавачи транспортиран до Будимпешта?

Груевски со помош на унгарски разузнавачи транспортиран до Будимпешта?
  • 25.11.2018

Обвинителството за организиран криминал и корупција ги истражува пропустите на органите, за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерството за внатрешни работи, кривичниот суд и СЈО, неофицијално се дел од проверката на Обвинителството со кое раководи Вилма Русковска.

Додека трае предистрагата на организиран криминал, премиерот Зоран Заев вели јавноста ќе ги почека деталните информации, за тоа како избегал Груевски од Македонија. Наместо од домашните, јавно одговорност Заев побара од соседните земји.

„Јас сум информиран од прилика ги знам досега до каде се стигнати работите од МВР. Јас верувам дека во многу брзо време ќе завршат со истрагата да ги споделат сите детали, што тоа се случувало во Република Македонија, заради тоа што знаеме што се случувало во Албанија, Црна Гора и во Унгарија. Останува прашањето како тоа го дозволиле наши пријатели четири земији и секако прашањето како три земји членки на НАТО“, изјави премиерот Зоран Заев.

Заев уверува дека последен пат со Груевски комуницирал, пред собраниските инциденти од 27 април. Демантираше дека зборувал со Груевски пред да избега од Македонија.

„Таман работа, ќе испадне дека ние тоа заедно сме го договарале. Со господинот Груевски од кога сум премиер, година и пол сум премиер, немам никакви контакти“, тврди Заев.

Весникот „Политико“ објави дека унгарските разузнавачки служби помогнале за бегството на Груевски. Угарските власти потврдија дека дипломати му помогнале на Груевски за транспортот до Будимпешта. Унагарската опозиција подготвува план за да го спречи азилот на Груевски. Опозициските ставови се дека владата на Орбан ги прекршила законите со давање на азил на осуденик по кого е распишана меѓународна потерница. Половина месец Никола Груевски е недостапен за македонските органи на прогонот. Осуден е на две годишна затворска казна за нарачката на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра. Против него, се водат уште четири судски процеси.

Игор Стефановски

Back To Top