skip to Main Content

Груевски е четвртиот азилант во Унгарија по воведувањето на „Стоп сорос“ програмата на Орбан

Груевски е четвртиот азилант во Унгарија по воведувањето на „Стоп сорос“ програмата на Орбан
  • 24.11.2018

Пет месеци откако унгарската влада на Виктор Орбан ја воведе програмата „Стоп сорос за мигранти“, бегалецот Никола Груевски со статус на четвртиот азилант со меѓународна заштита. Со ваква изјава за унгарските медиуми, пратеничката Вернадет Сзол. Унгарската Канцеларија за миграција и азил, информирала дека 165 бегалци побарале азил, од нив 96 се отфрлени, а само четворица се прифатени, меѓу кои и барањето на Груевски. Но, канцеларијата, не навела од кои држави дошле азилантите. И покрај обидите, унгарската пратеничка Сзол од канцеларијата за азил не добила детали од интервјуто на екс премиерот Груевски, туку одговор дека информациите се доверливи и лични.

Паралелно, тече опозициска иницијатива во Унгарија, за барање на собраниска истражна комисија за случајот Груевски. Опозициските ставови се дека владата на Орбан ги прекршила законите со давање на азил на осуденик по кого е распишана меѓународна потерница.

Унгарскиот премиер Орбан пак во интервју со став – азилот е законски, бидејќи Груевски тврдел дека е жртва на судско политички прогон. Орбан вели организации поддржани од сорос ја критикуваат одлуката за Груевски. А во поранешниот македонски премиер, Орбан гледа како пријател кој ги подигнал границите и ја спасил Унгарија од бегалците.

Од шефот на македонската дипломатина, Орбан, доби порака – да ги почитува законите.

„Владеењето на правото е многу важно за нас и мислам дека имаме случај кој е многу парадоксален. Меѓу владеењето на правото и законот на владетелот,  мислам дека мора да го избереме владеењето на правото“, изјави вчера шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Солун.

Сепак, осуденикот Груевски на две годишна затворска казна ужива заштита од унгарските власти. Против поранешниот премиер Никола Груевски се водат уште четири судски постапки, кој веќе половина месец е недостапен за органите на прогонот.

Игор Стефановски

Back To Top