skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Анкета на АКТИС: Граѓаните поосвестени и со повеќе надеж за реформи – тема во Студио 1

Анкета на АКТИС: Граѓаните поосвестени и со повеќе надеж за реформи – тема во Студио 1
  • 22.10.2018

Зголемена доверба на граѓаните во политичкиот процес и реформите покажува анкетата на граѓанската организација АКТИС. Според нејзиниот претседател Александар Цветковски, луѓето се плашат да одговараат на анкети поради скандалот со прислушкувањето, но се повеќе склони да бидат аналитични и да не веруваат во сешто и имаат повеќе надеж од порано.

-Најмногу ги интересира корупцијата, да не се пуштаат парите, затоа што граѓаните веројатно сфатија каде е изворот на сите наши зла, а тоа е купчето пари. Политичките партии трчаат по парите, прават коруптивни процеси, тоа се одразува на целото општество, вели тој.

Според него, радува намалениот процент на граѓани без став, од 29 на само 7% за некои прашања или личности. За реформскиот капацитет на Владата, ставовите се многу спротивставени.

-60% мислат дека Владата нема капацитет, но 57% мислат дека Владата сака да спроведе реформи. Значи, да, веруваат дека Владата има политичка волја, но дека нема капацитет, вели Цветковски.

Како што објаснува, анкетата предизвикала огромно внимание кај медиумите, а АКТИС ќе ги побара и политичарите за да поразговара што мислат за податоците.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top