skip to Main Content

Граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја, вели Анѓушев

Граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја, вели Анѓушев
  • 03.04.2018

Граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја, гарантира Владата.  Со новиот Закон за енергетика, кој ќе биде пуштен во собраниска процедура ќе се стави крај на монополите. Заштитата на граѓаните ќе ја гарантира универзален снабдувач на кого Елем ќе биде должен во 2019 година да му предаде 80 отсто од производството,а во наредните години процентот треба да се намалува за во 2025 да изнесува 30 отсто од производството.

За да се заштитата граѓаните, во посебна програма за заштита од енергетска сиромаштија ќе влезат и стечајците и пензионерите со ниски пензии како и други ранливи категории граѓани, изјави денес вицепремиерот Кочо Анѓушев кој додаде дека ќе се избере нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика, кој ќе го предложи владата.  Прашан дали тоа не е мешање во независноста на регулаторното тело, Анѓушев  рече дека и сегашниот претседател го предлагалала Влада и тој бил член на политичка партија.

Регулаторно призводствените тела и институции предвидено е дополнително да се поделат, па така се предвидува ЕЛЕМ да биде под надлежност на Владата, МЕПСО под Министерството за транпорт, а МЕР под Министерство за економија.

Според Вицепремиерот над 100 милиони евра е негативниот биланс за компаниите од одложувањето на либерализацијата на пазарот со електрична енергија, која требаше да стартува во 2014 година.

Анѓушев посочи дека со посебен правилник ќе се регулира и висината на паушалот кој го плаќаат исклучените од парно греење, а ќе се инсистира тој да се анулира.

Со посебен правилник ќе се решава и проблемот на исклучените од парно греењe и ќе се направи се за тие да не плаќаат паушал за услуга што не ја добиваат.

Инаку Законот за енергетика е дел од третиот пакет мерки кој ги бара од нас Европската енергетска заедница. По донесувањето  се очекува да се сопрат сите спорови против Македонија, поради пробиените рокови за либерализација на енергетскиот сектор во земјава.

 

Back To Top