skip to Main Content

Град Скопје подготвува одржлива стратегија – градоначалникот Шилегов од Студио 1 на скопскиот „Винтерленд“

Град Скопје подготвува одржлива стратегија – градоначалникот Шилегов од Студио 1 на скопскиот „Винтерленд“
  • 31.12.2018

Од скопскиот „Винтерленд“ на градскиот плоштад, организиран од Град Скопје, уредникот Сашо Ордановски разговараше со градоначалникот Петре Шилегов, кој во 2019 очекува многу попозитивни моменти од таа што заминува.

-„Винтерленд“ првпат го имаме оваа година, можеби многумина не веруваа кога го најавивме пред еден месец, јас бев убеден, заедно со луѓето со кои го водиме градот, дека „Винтерленд“ од година во година ќе расте и ќе биде се поголем и дека ќе стане регионална атракција, вели Шилегов.

Анкетите и јавувањата на гледачите прикажуваат слика за Скопје, но градоначалникот вели дека пред да ја преземе функцијата градот немал стратегија, а за 2019 најавува дека почнува тешката работа за формирање на планот.

-Формиравме стратегија за енергетската политика на градот, за сообраќајот, за јавниот транспорт, за инспекцискиот надзор. Нашата, мојата крајна цел е таа стратегија да остане, бидејќи само темелна работа во градот гарантира дека ќе можеме да ги доживееме стандардите за кои сите се залагаме, изјави Шилегов.

За критиките за сообраќајот, загадувањето, масовните градежни работи и друго, погледнете повеќе во видеото.

Back To Top