skip to Main Content

Гостин во „Лица“: Лука Максимовиќ – Бели, феноменот на балканската политичка сцена

Гостин во „Лица“: Лука Максимовиќ – Бели, феноменот на балканската политичка сцена
  • 17.12.2018

Во новото издание од емисијата„Лица“ со Анета Кочишки може да погледнете кој е Лука Максимовиќ Бели, измислениот лик кој беше најексцентричниот претседателски кандидат на Србија.

Љубиша Прелетачевиќ – Бели, е всушност Лука Максимовиќ, комуниколог, роден 1991 година. Максимовиќ, кој инаку се смета за комичар и политички активист, го создал Бели (презимето Прелетачевиќ е во чест на „прелетач“ – српскиот термин за политички „сончоглед“ кој менува партии и страни за лична корист), како епитом на типичниот српски, мачо политичар, прав патриот и семоќен славјанин.

Облечен во бел костум и се потпира на огромен стап, прави склекови и со гласачите комуницира преку социјалните мрежи, а низ улиците се движи качен на коњ. Се прокламира како корумпиран политичар, кому му е битна само власта и тоа им се допаѓа на гласачите.

-Лука е обично момче од Младеновац. Момче кое се занимава со музика. Ние бевме меѓу првите јутјубери во Младеновац. Снимавме некакви скечеви, ќе рече Бели за себеси.

Како актуелните српски политичари реагираа на него?

-Не реагираа позитивно. 30 години се на сцена, прават се што сакаат и одеднаш се појавува некое детиште од Младеновац кое им ја упропастува играта, раскажува Бели.

А целата кампања на Бели е обична игра на сатирична герила.

-Ние ветивме се што ветуваат и останатите политичари, само што малку го надоградивме, објаснува.

Целиот разговор со Лука Максимовиќ – Бели погледнете го во видеото:

Back To Top