skip to Main Content

Гола провокација: Кој со кого би се сончал топлес од естрадата? (ВИДЕО)

Гола провокација: Кој со кого би се сончал топлес од естрадата? (ВИДЕО)
  • 20.07.2018

Плажа, сонце и море се трите причини поради кои девојките во сред лето може да ги видиме со помалку облека на нив. Можеби имате такви примери кога девојки со послободен ум, на плажа знаат да се соблечат топлес и така да се сончаат, а тоа вам да ви изгледа чудно иако насекаде во светот тоа е толку нормална работа.

Податоците велат дека има и земји каде сончањето топлес е забрането, како Турција и Дубаи, а на одредени плажи во Италија и Шпанија тоа е лимитирано, во Мексико пак дури и мажите на плажа мораат да носат маичка. На Јадранот сончањето топлес обично се прави на скриени диви плажи. Во земјите каде што ќе се прекрши ваквиот закон, глобата за истите е многу голема.

Откако познатата актерка Брижит Бардо го соблече горниот дел од костимот за капење на француската ревиера во 1960 –та година, многумина тоа го сфатија како знак на рамноправност и го следеа нејзиниот пример. Денес малку Французинки се сончаат топлес. Само два отсто од жените полади од 35 години го практикуваат овој вид сончање.

Водејќи се по погоре наведеното, анализиравме. Во кругот на јавниот живот прашавме со која колешка или пак колега, би се сончале топлес на плажа?  – Храброста и креативноста им беше слаба страна. На некој девојките и сопругите им беа изговор. Погледнете го видеото:

Back To Top