skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Година на судски процеси низ објективот на судските известувачи – тема во „Правда и неправда“

Година на судски процеси низ објективот на судските известувачи – тема во „Правда и неправда“
  • 08.01.2019

Судските известувачи кои во изминатиот период ги следеа актуелните судски процеси велат дека минатата година ќе ја помнат по маратонските рочишта, долгите известувања пред затворот Шутка, но и како година на големи очекувања, но и уште поголеми разочарувања.

-Последните случувања околу бегството коешто не подели на „пред ерата на бегството и после ерата на бегството“ на поранешниот премиер, известувањето околу тој случај и тоа што најмногу ги погоди и ги изненади граѓаните, Законот за амнестија, вели Христина Беловска, новинарка од „24 вести“.

-Граѓаните и со право се интересираат за владеењето на правото, бидејќи тоа е можеби најважната работа во секоја држава, затоа што самата држава, институциите, мораат да осигураат владеење на правото. По бројот на кликовите и споделувањата, тоа беа најфлуктуирачките информации во 2018, изјави Васко Маглешов, новинар од Макфакс.

За несудениот притвор и бегството на поранешниот премиер Груевски, Маглешов вели дека исто како и целата јавност, не очекувал тој да седи мирно дома и да ја чека поканата за затвор и исто како на целата јавност не му е јасно како надлежните не го препознале моментот за да изреагираат.

-Логично беше да се наметне прашањето зошто некој што знае дека треба да оди во затвор не би бил дома при неколку обиди да биде најден, додека паралелно цела медиумска заедница пренесуваше дека човек што сака да си ја издржи казната веројатно би се јавил. Тоа беше првиот сигнал дека нешто не е во ред, вели Елена Ивановска Мукоска, новинар од Телма.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top