skip to Main Content

Гигантите немоќни: Бесмртната македонска легија – Вардар ја покори Европа

Гигантите немоќни: Бесмртната македонска легија – Вардар ја покори Европа
  • 02.06.2019

Вардар е европски шампион. Ракометна приказна која оваа сезона ја имаше Вардар, на крајот завршува со нешто кое што ретко кој го очекуваше – нова европска титула!

Македонскиот гордост повторно е на врвот на Европа, вторпат по 2017 година, откако во финалната битка на завршниот Ф4 турнир во Келн го совлада Веспрем со 27-24.

Ако синоќа во дуелот со гиганто Барселона, вардарци се подигнаа како Феникс од пепелта, денеска со сигурност може да се наречат професори по ракомет.

Вардарци одиграа со срце, покажаа храброст и дрскост, и постигнаа нов огромен успех и уште еднаш ја израдуваа ракометна Македонија. Вардар пак владее со ракометна Европа.

Во шпанската тренерска пресметка, Роберто Гарсија Парондо го надмудри Давид Дејвис. Ццврстата одбрана го исече нападот на Веспрем, а изненадувањето се викаше Рожерио Мораеш, кој од пивотменската позиција постигна шест гола.

Тимот на 1ТВ им го честита успехот на Вардар.

Само напред момци!

Back To Top