skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Героски во Студио 1: Не треба да се влезе во авантури да се организираат вонредни парламентарни избори

Героски во Студио 1: Не треба да се влезе во авантури да се организираат вонредни парламентарни избори
  • 28.01.2019

Отвореното Студио 1 го завршивме со гостувањето на главниот уредник на „Слободен печат“, Бранко Героски

Денешниот настан на кој Владата понуди помош за печатените медиуми за Героски е начин за да се помогне тие да опстанат, но дека е неопходен конкретен проект за истите да преживеат.

„Може да постојат идеи, секоја власт се обидува да оствари контрола врз медиумите. Мислам дека не е тоа идејата. Идејата тргна со една замисла, да се помогнат мпечатените медиуми, да опстанат, преживеат. По моја волја ќе беше можеби ако оваа помош беше поврзана со конкретен проект, а не само помош да се преживее. Јас се надевам дека идната година весниците ќе се обидат да направат заедничка независна дистрибуција. Гледачите треба да знаат дека проблемот на правење весници во Македонија е тежок. Весникот треба да понуди нешто што не можат телевизијата и интернетот“.

На полето на политиката заокружена е голема фаза, ретроспективно гледано Героски не крие дека не бил голем оптимист дека брзо и лесно ќе се решат важни проблеми со кои се отвора патот на Македонија за влез во НАТО и ЕУ.

„Не бев оптимист дека така брзо и лесно ќе дојдеме до решение. Немавме преголеми потези, а ги завршивме најголемите прашања на меѓународен план. После овој процес и приемот во НАТО и членството во ЕУ нема да се поставува прашање дали ќе ја биде или не Македонија. Пак сум скептичен дека ние ќе направивме некаква круцијална промена во нашиот менталитет. Гледано од Бугарија и Романија сменето е доста, но менталитетот најтешко се менува. Ќе бидат потребни квалитетни луѓе. Од неколку деценски период од негативна селекција на кадри, ќе биде потребно ако сме сериозна нација, политичка и етничка, ќе биде потребно да правиме позитивна селекција. Ние сме мал народ и во тој случај имаме помал избор на луѓе. Во таква ситуација треба да се извлече максимумот. Во политичка смисла, сме притивно општество, немаме развиена демократија, а во партиите нема партиски живот“, рече Героски кој дополни дека премиерот Заев не е поштеден од неговата критика, но и дека дојде на власт со големи очекувања и дека за тоа е потребно да воспостави систем со кој прво себе си ќе се дисциплинира, а потоа и околината, односно дека не смее да има фаули.

Героски исто така се осврна и натемата за двојните избори. Според него ако дојде до предвремени избори власта ќе ги искористи сите механизми за да остане на власт. За престојните претседателски избори, кандидатите за претседател, за реформите во ВМРО-ДПМНЕ и очекувањата на економски план, погледнете во видеото.

Back To Top