skip to Main Content

Втор меѓународен турнир во брзо решавање на рубикови коцки – разговор во Студио 1

Втор меѓународен турнир во брзо решавање на рубикови коцки – разговор во Студио 1
  • 30.01.2019

Шарено отворено Студио 1 со рубиковите коцки на малиот шампион Ѓорѓи Чешмеџиевски, неговиот татко и Александар Арсовски од македонската Кјубинг организација, го најавија вториот меѓународен турнир во брзо решавање на рубикови коцки – во голема сала, со над 90 учесници од 12 држави.

-На 17 ноември го имавме првиот меѓународен натпревар, со над 70 учесници од 10 држави. Продолживме со уште еден гејмерски фестивал, но ние бевме страничен настан. Сега е вториот натпревар, најмасовен до сега, викендов во хотел „Александар Палас“, со над 90 учесници од Балканот и пошироко. Работата се развива со побрзо темпо од очекуваното, рече Ристо Чешмеџиевски од македонската Кјубинг организација.

-Најголем број од учесниците се од Европа, немаме надвор од Европа. Од Балканот има речиси од секаде, немаме никакво ограничување на возраст, може да се пријави кој сака. Повеќето се на возраст од 14 години, но има и 20-30 кои се веќе возрасни и постари. Имаме делегат од Швајцарија, пратен од Светската асоцијација, објасни Александар Арсовски од Кјубинг организацијата.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top