skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

„Втора шанса“ на Марија Џиџева на „Скопскиот филмски фестивал“ – разговор во Студио 1

„Втора шанса“ на Марија Џиџева на „Скопскиот филмски фестивал“ – разговор во Студио 1
  • 16.04.2019

Гостин во денешното Отворено Студио 1 беше режисерката Марија Џиџева. Тема на разговорот беше филмот „Втора шанса“ кој утре ќе се прикаже на „Скопскиот филмски фестивал“.

Новиот игран филм „Втора шанса“,е прв игран филм на Џиџева, по сценарио на Огнен Георгиевски,  а во продукција на „Small Moves Films“ и Биберче продукција.  Се работи за копродукција помеѓу Македонија и Србија. Во главните улоги на оваа современа драма, настапуваат: Мирјана Карановиќ, Даниела Иваноска, Наталија Теодосиева, Јорданчо Чевревски, Дениз Абдула, Златко Митрески. Директор на фотографија е Дејан Димески.

Втора шанса ги испреплетува приказните за три жени кои живеат во ист станбен комплекс, за да создаде калеидоскопско набљудување на уникатното искуство на мајчинството, како и на самопожртвуваноста на носењето нов живот во овој свет. Секоја од овие жени се обидува да ја пронајде смислата на своето постоење, за време на апсурдното и бесмислено време, кога Македонија е на граница на граѓанска војна во 2001 година, и секоја од нив се соочува со своите лични демони, обидувајќи се да ја зачува својата хуманост.

Во Отвореното Студио 1 се потсетивме и на вчерашното гостување на првиот човек на „Алфите“, Примислав Димовски во емисијата „Лица“, каде говореше за сите предизвици и искушенија што ги носи неговата функција, но и за Примислав Димовски приватно, за „Крвавиот четврток“, и за искуствата со претходната и сегашната власт.

Понатаму, погледнавме и дел од разговорот со Александар Цветковски, претседател на невладината „Агтис“, која што се занимава со следење на реформите и нивното спроведување.

Имплементација на европските стандарди, проценка на закони и владини реформи и едукативно подигање на капацитетот на општеството за прифаќање на демократијата, плурализмот, децентрализацијата, дерегулацијата, деинституционализацијата, како и другите видови субсидијарно решавање на проблемите како начини на устројување на државата, е она што и е потребно на државава.

Грижата за владините реформи како неодминлив дел кон доброто владеење, како на легислативно, така и на имплементациско ниво се работи кои се многу важни за европскиот пат на Северна Македонија, рече синоќа Цветковски.

Back To Top